ги (зам.) - полее (гл.)

Тој се присети дека уште три нешта не стигнал да направи: - да си ги бакне внучињата, - да ги полее розите во дворот, и - да му дотури масленце на кандилцето кое трепкаше спроти него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Милан се сети дека на Кети ѝ вети дека ќе ги полее краставиците и пиперот, секојдневна задача која Кети повеќе сакаше лично да ја заврши, но сега таа беше кај Зоја за да ги чува внуците.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан стана и отиде долу по патеката за да ги полее растенијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гостилничарот ни ги раздели по чиниите и почека да ги отвориме за да ги полее со червишот што беше останал во тавчето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да, да, така е во Париз, а кај нас – на убавиот син Дунав,” и одново со устата отсвирка неколку тактови од валцерот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)