ги (зам.) - посети (гл.)

Реалноста се покажува повеќе како не-ствар-ност отколку како ствар-ност, постојана како расплинувачки облак. (Gilchrist 1995:1) Во подготвителните истражувања за својот проект Гилхрист ги посети лабораторијата за истражување на сонот на Клиничката психологија на Тексашкиот универзитет во Остин и британскиот истражувач Keith Hearne.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сѐ повеќе научници сметаат дека свеста е единствениот постоечки феномен, а не феномен што треба да се исклучи од сериозните експерименти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав да го видам овој раритет, па решив да ги посетам овие гробита знаеќи за голеамата љубов на луѓето кон кучињата и другите животни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За интересирањето на уметниците за материите кои предизвикуваат психоделични промени на свеста можеби најголема заслуга има Олдос Хаксли, кој вели: “...едно сончево мајско утро проголтав четири десетини од грам мескалин растворен во вода и седнав да ги чекам резултатите”, потајно надевајќи се дека ќе успее да ги посети световите кои на Блејк, Сведенборг (Swedenborg) или на Јохан Себастијан Бах им беа дом.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со нетрпение очекував да го видам мојот Париз, пак да ги посетам оние места каде што со толкава љубов и занес се шетав на моите осумнаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ме копкаше желбата уште еднаш да ги посетам местата и селата низ кои на 16 и 17 август 1949 се повлекуваа партизаните на ДАГ и населението од Преспа и Корештата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Денес добив дозвола - пишува сестрата Писи на 21 мај - да ги посетам затворениците унијати од Кукуш, за да им укажам лекарска помош...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено, во декември истата година Белград, Софија и Виена ги посетил министерот за надворешни работи на Русија грофот Ламсдорф.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едип-паша ми дозволи да ги посетам и другите болни, доколку има нужда од помош.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 29 април битолскиот валија ги посетил конзулите на големите сили и им зборувал за критичната ситуација во која се наоѓал Вилаетот поради четничките акции и подготовките за востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нерадо патуваше туристички, а кога ќе се вратеше, наместо да зборува за музеите кои ги посетил и да ги покажува фотографиите од плажите повторно раскажуваше за неговите неволји.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Постојат и други духовни места што би сакала да ги посетам. На пример Јапонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во текот на подготовките пред заминување во мојата мисија за амбасадор во Тунис и при државата Палестина, пред заминување на амбасадорските постови ги посетивме сите југословенки воени бази и една подморница во близината на Сплит. Се викаше Лора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Лондон Тито беше примен од Кралицата Елизабета II и од премиерот Винстон Черчил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малата палата на педесетина метри од морето и недалеку од големата претседателската палата беше еден од можните крстопати на блиско-источните лавиринти каде што запираше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По посетата на Велика Британија Тито ќе продолжи да ги обновува пријателските односи со Западниот блок, а потоа ќе ги посети и балканските земји Турција и Грција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Високите бели ѕидови кои ја опкружуваа вилата беа обвиткани од сино-црвеникавите цутови, со раскошните јасминови бели стракови, под сенките на вишните палми, ги привлекуваше погледите на луѓето кои запираа пред чудесната палата, откако ќе ги посетат картагинските урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како на географска карта, ги имаше обележано сите посетени букинисти и тие што преостануваа да ги посети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако сака сама да оди кај нив, да ги посети, не ѝ забрануваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа Стале не пропушташе утрена ни вечерна служба да не ги посети параклисот, каде што отец Арсенија секое утро и секоја вечер читаше напамет едни и иста молитви: „Помилуј мја, боже“, „Богородице дјево“, „Единородни сине“ и други што беше ги научил напамет, оти и тој не беше пиомен како што не беше писмен и Стале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Памети: Божинов слезе од катот и гласно објави дека и во сонот ги посетил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Македонија е една од првите и ретки земји што ги посетил еден од учениците на Спасителот“, рекол Студентот...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
При моите париски престојувања настојуваше да ги посетам пријателите од неговата поетска генерација Жан Тардје, Жан Фолен, Ремон Кено.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Планирав да забележам во мојата тетретка дека имам намера да појдам до Домот и да ги посетам Абраш и Чавка, за да ми раскажат како се случило тоа со старичката, како умрела, како...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)