ги (зам.) - послуша (гл.)

Вели Лазор и потпирајќи се на раце се поткрева од земја, но веднаш потоа присетувајќи се дека дали навистина ќе му биде простено зависи од тоа дали тој ќе ги послуша Максима и Костадина, одново се отпушта на земја и сиот очаен вели А кај ќе го најдам јас Хаџи Ташку за да барам прошка од него?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа покажаа кон прозорецот и рекоа: „Погледни“ Ги послуша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бидејќи немал што друго да прави, дедо Геро ги послушал, отишол в село и донесол зајре.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гемиџиите не ги послушале советите на Делчев, на Груев и на други раководители акцијата да се одложи и да се изврши во рамките на востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе помислат дека јас ја задржувам и дека поради мене не ги послушува и бидејќи знаев дека вежбањето за Мила е сериозна работа, станав да си одам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Те молам, поседи уште малку – рече Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, Хелвиг не сакал да ги послуша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Под креветот остана цел ден и молбите на Зоки не ги послуша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)