ги (зам.) - поткачи (гл.)

Дечиштата се стрчнуваат, го пофаќаат, викаат: „Перничиња клал, перничиња клал!“ - и бегаат да не ги поткачи со издуднатиот чадор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јавнаа сите по едно, а Стојан ги поткачи пред себе и уште пред зори втаса во Старавина со ослободената Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги поткачив полиците со книги, и тие летаа во невидени пируети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)