ги (зам.) - потпре (гл.)

Лакомите, студеникави, разиграни и љубопитни очи на Тинка, вковани во таванот на земјанката, се чини, со погледот ги потпираат гредите и камењето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги потпрев тупаниците до бокалот со мртва вода во која се бореше за живот преситна собна пеперуга и го залепив челото на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Донесоа штици, талпи. Ги потпреа на камионот и ги забраа да ги туркаат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум ги потпрела патериците под мишка и плескам, аплаудирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие си ги потпреле рацете в половина, чекаат и се смеат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас пак, за да не ми бегаат нозете надолу, сум ги потпрела со камења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ги потпрело нозете и ми ја врти главата, се отима.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На неколкупати сакаше да ги потпре своите гради на човекот во сина облека и да се истурка, но ниеднаш не се осмели да го стори тоа зашто овој често со својот студен поглед го опоменуваше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ковчегот е врз пресноископаната земја, поворката околу ковчегот, сите своите очи ги потпираат врз тврдиот поглед на старецот, а тој како да не сака во никого да погледне, неговиот поглед е устремен право нагоре во небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На неколку пати сакаше да ги потпре своите гради на човекот во сина облека и да се истурка, но ниеднаш не се осмели да го стори тоа зашто овој со својот студен поглед често го опоменуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Рајнер полека седна на креветот. Ги потпре лактите на колената, го навали челото на дланките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се доближив до него и му се извинував за моите зборови, но тој не велеше ништо. Го слушав како дише.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Верувајте ми, Филипе, она што ни недостасува, тоа е природноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)