ги (зам.) - потфати (гл.)

Но гледај чудо! - Есенскиот ветер ги потфати, ги крена високо високо, а тие префрлуваа како да се играат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нина си ги потфати пантолонките, небаре фустанче, и фати да се поклонува: „Аплауз!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тркалото ни ги потфати нозете и нѐ влече во себе, нѐ фрла ту ваму, ту таму, нѐ држи, нѐ стега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе почнат да ги пуштаат и тие што не се затворени, а ние уште сме овде, нам уште Сталин ни ги потфатил нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)