ги (зам.) - преброи (гл.)

— Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, — констатира Шаќир како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се придружи со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги симнаа на брзина дисагите, ги преброија жолтите, ги тргаа белите со кантарчето, и Јован ги поведе коњите, нарачувајќи му на Толета и Митра, „ако не се врата, делот мој, троа потроа да и го дадите на старата, да и прерани децата“. И се изгуби во темницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им испрати човек да ги изведе од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во крчмата под балконот музичарите по стопати им ја пеат на туристите Ел кондор паса а локалните бунтовници покажуваат со погледот кон тенкот пред претседателската палата, шепотејќи ги пребројуваат коските во Сан Франциско и веќе за утре го најавуваат формирањето на највисоката комисија за испитување на потеклото на солзите и на тишината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А ќе да е и дека севезден ги пребројува црвените крвни зрнца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се чувствува весело, но како да му е отстранет еден дел од сеќавањето: ги гледа редум новите книги, ги пребројува, но сепак, речиси е убеден дека нешто му недостига...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тие посочени, потесен избор од десетина раскази кои годинава излегуваат во Маргина направи господинот Пандалф Вулкански.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако некој ми ги преброи, ќе забележи дека немам два листа. Па што ако ги немам?!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Жена - Мило суштество настанато од Гостин - Најнеподнослива особа за реброто на сопругот, кое честопати му скржавиот. ги пребројува и останатите ребра на Гроб - Место, во кое добрите лекари споменатиот. ги сокриваат плодовите на својата Женидба - Ако е од интерес - последен умешност. извор на пари, ако е од љубов - Д последна страст.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се стемнувало. Сепак било видливо Онисифор Проказник да ги преброи мртвите (Никифор Ганевски, и тројца од другите) и ранетите (Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев, и пак еден од другите).
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, зачуден од маглата што паѓала врз разбуричканоста околу него, од тишината и од ослободувањето на земјата од сенки, заринкал со лице во земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наутро селаните ќе пцујат под својата обезличена сермија, луто ќе шмркаат и ќе ги пребројуваат куршумите за хајка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Проблемот беше во тоа што тигрите и мајмуните имаа една заедничка грда навика: да ја проверуваат секоја стапка од својата територија и да ги пребројуваат, меѓу другото, и сите желади и тревички во неа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Заглибувајќи во својот идеал човекот се изгубил во сопствената игра, па сакајќи да се надмине се скаменува во недвижење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На крајот му преостанува уште да ги преброи своите лудории и да се види до полжавите и до гротескниот крај на неговиот историски пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наутро селаните ќе пцујат под својата обезличена сермија, луто ќе шмркаат и ќе ги пребројуваат куршумите за хајка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги преброи парите што ги имаше заштедено. Не беа многу.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Трифун се досети дека тоа можат да бидат само гуските на мајката Роса, само не се наведна да ги преброи, сигурно се пет, сите знаеја дека имаат пет гуски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој, кутриот, откако ги преброја парите, откако пресмета во главата со очите превртени нагоре, толку беше очаен што изгледаше како смрзнат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Помладиот му ги преброи парите и сакаше да ги стави в џеб, но постариот со црното брадулче, му ја тргна раката и му рече нешто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Да! А неуките ги пребројуваат своите живи и мртви само со помош на прстите - ја исмејуваше тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите имиња на жените од маалото ги преброја пред да се сети најпосле на моето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка како мајка: во мислите ги пребројува облаците таму далеку, над Карловиот мост во Прага и мигум ја збира цела Влтава во мајчина солза.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дошол до некое место и си рекол Итар Пејо: „Море да не загинав некое магаре. Да ги пребројам.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Итар Пејо ги пребројал магарињата. Едно, две, три, четири, пет, шест, седум. Осум. Токму.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На сѐ се крстеа старите наши: дедо ми прво се прекрсти па стави пари на пангарот пред Петрета, Петре прво се прекрсти да ги преброи свеќите и му ги даде на дедо ми, а тој исто така, прво се прекрсти па ги зеде свеќите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Баталјонот се построи и четите почнаа да ги пребројуваат борците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше веќе темно, а снегот ме замори.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)