ги (зам.) - преживее (гл.)

Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија: — Ете, пак!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Криво му е сега дека сомнението му ги загорчи најубавите мигови што можеше да ги преживее.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Постојат најразлични видови дроги, од дроги далеку побезопасни од пивото до дроги-отрови кои можат да ги преживеат само најискусните дрогераши.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Гоце Чанев ги преживеал Солунските атентати и продолжил да се интересира за судбината на гемиџиите и нивните блиски.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто она што го овозможува иронијата, во согласност со прагматиката на кампот, е можноста да се доживува театралноста на семејниот живот истовремено и како ужасна и како урнебесна, без притоа едната димензија на тие театралности да се асимилира во другата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нуди отуѓен светоглед кон интензивната емоција што – за разлика од судот на мојот стрејт-другар кој го спепели Сон за страст – не е ниту скептичен ниту редуктивен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред Пирс и Најмила мамичке, кога се гледаат од тоа отуѓено (иако и понатаму емоционално вклучено) гледиште, ги учат геј-мажите – и сите други што се приврзаници на машката геј-култура – како да ги преживеат јадовите на семејната единица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто ги подучуваат на практичните примени на иронијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите сигурно поспокојно, полесно ќе ги преживеат уште тие неколку преостанати мигови од животот ако никој отстрана не се замеша, ако воопшто се остават на самите себеси, на својот мир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)