ги (зам.) - премине (гл.)

Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Локалното население ги преминува за да купи поевтини или подобри продукти или услуги од другата страна; трговците ги искористуваат разликите во цените и даноците; криумчарите внесуваат незаконски стоки и луѓе, а „револуционерите се кријат зад нив, барајќи заштита од другиот суверенитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа може да ги премине границите на дејства и зборови, и да се прошири на мислите, идеите, дури и на сеќавањата и фантазиите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие се покоруваа пред него и сите мориња му се предаваа мирно да ги премине!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Но, има и заеднички теми што ги преминуваат социјалните и географските меѓи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непријателските позиции ги преминуваат само мршојадни птици кои дебнат по мрши...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)