ги (зам.) - претресе (гл.)

Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбиената лани Организација почна да се созема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Им остана да ги претресат мариовските планини, белким уште не се претерани преку рид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остави тројца јузбашии со петстотини војници по левиот брег, а сам тој со двајца и толку аскер почна систематски да ги претресува селата и планините по десниот брег. Му се придружи и витолишкиот јузбашија со стотина војници и положбата на Толета се влоши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од Крушевица негова дотрча братучед му Петко и се му раскажа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден од финансистите му ги претресе џебовите и ништо не најде.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Токму сакаше Доне да ги потера коњите, кога втаса друг стражар, кој по се изгледаше дека е по чин постар или командир на стражата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ги претресува сите по ред, а мене последен ме остава, за да не се сетам што е работата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Педесетина војници Албанци, вооружени само со штикови, поделени во 5-6 групи, а водени од фанатизирани граѓани од турската средина, под изговор дека и помагаат на војската што ги прогонува егзархистите и ги претресува нивните куќи, се нафрлиле врз затворените анови и кафеани во населбата “Вардар“, пљачкајќи сè што ќе најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Самите тргнаа пред аскер и една по една ги претресоа сите простории пред зградите на тврдината и ги истераа во дворот сите луѓе, жени, деца и старци што ги најдоа во нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еден од војниците му ги претресе и му ги преврте џебовите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден по друг сите ги претресоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)