ги (зам.) - приготви (гл.)

Но тие правеа потера, го фаќаа и го носеа дома терајќи го да ги приготвува тие јадења.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И откако нему му се поврати здивот, тие го замолија да им ги каже имињата на сите растенија што ги приготвува, каде ги бере, на кои места и во кое време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Цироните баба ми лично ги приготви со киселина и со солпипер.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка ми на повеќе начини ги приготвува: те печени со брашно, пржени, варени, на тепсија со ориз, чорба.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Поради тоа, Полин беше принуден само дење да ги фаќа и да ги приготвува за јадење, а нивните пердуви, глави и нозе, ги закопуваше в земја за да не остава никаква трага од која би се плашеле птиците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)