ги (зам.) - припитоми (гл.)

Многу си ги припитомил, ќе му велам, ко домашни животни си ги запатил, не се делат од тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Текстот му стана интересен веројатно поради лично ненужниот податок дека кучињата во животот на луѓето се појавиле пред 14.000 години, од увидена потреба, но, веројатно, и поради некоја ирационална љубопитност во обидот да ги припитомат, и од која подоцна произлегла потребата за одбрана од дивите ѕверови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)