ги (зам.) - проколне (гл.)

ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сега го слушна гласот на Кети како ги проколнува двата дрски гаврана кои секое утро доаѓаа блиску до куќата и гракаа и крескаа како божем да гореше куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
При толку народњачка врева никој не се сети на стариот Вујадин, просветлениот таг, којшто (во народна песна) ги проколнува „лажливите очи” што „на зло го навеле”, од заседи и стапици да ги гледа по патиштата Турците и трговците, да ги напаѓа, убива и пљачкосува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А Јагулче, кутриот, не престануваше да ги проколнува јагулите, а со нив и сопственото име, за можниот пресврт на судбината која лебдеше по дискусијата на Цветан Горски...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)