ги (зам.) - расчисти (гл.)

Тогаш реши да ме побара мене.  „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакав само фино да си поразговараме, во четири очи да ги расчистиме сметките после минатогодишното телефонско раскинување. Потоа да се простиме пријателски и засекогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа, за разлика од бегот, тој побрза да ги расчисти утапканите траги, бидејќи и цвеќето што стоеше во вазната среде маса тоа му го одобруваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обајцата, во градот низ кој минуваше големата река, беа дојдени со надеж дека ќе заминат, но и предводени од идејата да ги расчистат своите сметки со историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога дојде газдата да ги расчистиме сметките, да му го вратам клучот, баш детално ми раскажа што се случувало таму во тој еден месец додека јас не бев присутна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Туку нејсе, времето ќе ги расчисти работите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)