ги (зам.) - сврши (гл.)

Сѐ, се чинеше, си донесоа со себе: и умеење и алат и решеност, сите работи сами да си ги свршуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Попот ги сврши молитвите пред олтарот, Кушо ги дочита утрените псалми, попот ја кади црквата, Кушо отпева, и веќе почнаа и селани да идат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Калија везеше многу убаво. Попладне, откако ќе ги свршеше домашните работи, туку ќе се курдисаше на чардачето и, наведната врз ѓерѓевот сѐ додека беше виделина, го чекаше така Маркота од дуќан, кој секогаш ѝ носеше измирска алва во книџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)