ги (зам.) - сее (гл.)

Ѝ навираат спомените, а гласовите ги подзема ветерот и ги сее од ров во ров од бункер во бункер, од таму ги презема и ги префрлува над трапиштата, ги разлева по ридиштата, ги подига до врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не осетил дека ги сее зрната на верата. Не беше можно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Трошките ги сееше и низ градските улици, со надеж дека го намалува светскиот глад.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Над нив летаат бели ливчиња, пликови, ветрот ги разнесува настрана, преку ендекот, и ги сее во бурјанот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)