ги (зам.) - сервира (гл.)

„Знаеш...“, неочекувано му рече Германија по неколку месеци, станувајќи од масата да ги сервира приготвените шницли во бешамел сос со печурки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секоја генерација има лажни пророци но и верни слуги, но сите сме свдеоци на реалните настани и нема повеќе криенки со камуфлирани вистини, времето на послужавник ни ги сервира мрачните приказни за гладот, сиромаштијата, за уништувањето на тоа што сами го создадовме, за масакрот од војните, за братоубиството, за смрта, за осакатените војници, за натажените вдовици и мајки, за децата кои останале без родители кои боси, валкани во парталава облека питаат по улиците, транваите и железничките станици и спијат под мостовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Кое е највредното наследство кое би им го оставиле на вашите најблиски?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги прераскажуваат и ги толкуваат информациите што им ги сервираат медиумите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Дали имате постигнато хармонија во животот, дали се обидувате да балансирате со работите кои ви ги сервира секојдневието?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Радо се одѕваа на тој знак, бидејќи им јавуваше дека се веќе варени компирите што дедо Иван редовно ги сервираше и над кои течеше нивниот разговор често и до доцна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)