ги (зам.) - складира (гл.)

Така спремните врапци ги складираа во качиња со сало.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На прв ден Божиќ пред да отидеа в црква и пред да се омрсеа, секој од домаќинството добиваше по едно врапче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите три сили продолжија да произведуваат атомски бомби и да ги складираат за решавачки момент за кој сите тие веруваат дека ќе настапи порано или подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите овие сомнежи и загатки едноставно ги складираше во својата потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш кога го чуваше дадилката, секој работен ден од 9-16, божем случајно во плеерот ставаше некој од филмовите што неговите љубоморно ги складираа во пластично пакување и си гледаа на само.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од утро до вечер, за парче леб, ги кинеа плодовите и ги складираа во буриња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Наместо да меморизираат податоци луѓето ќе учат како соодветно да ги складираат, повикуваат и да ги менуваат податоците.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Без сопствено место, тактиката „оперира преку изолирани акции, удар по удар.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа ги користи ’можностите’ и зависи од нив, оти е без основа каде што би можела да ги складира своите добивки, да изгради своја позиција, и да планира напади.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од утро до вечер, за парче леб, ги кинеа плодовите и ги складираа во буриња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)