ги (зам.) - смири (гл.)

Таму клучните луѓе беа за смирување, ама сега, кој да ги смири републичките, особено заколнатите анти­козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга сакаше да ги смири козарите велејќи им дека се работи за обична приказна и дека не може да има никаква врска со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- „Бре, бре?! - шепотеа слугите и стражарите. - Од бегот ни ал, ни абер!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Којзнае колку горчливи кафиња испија со стариот бег, за да ги смират нервите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајсторот не почнува анализа на партијата, како што прават обично оние што загубиле, докажувајќи му на победникот како и од каде можела партијата да земе поинаков тек, во нивна полза, но правејќи го тоа повеќе за да ги смират нервите и да не изгледаат многу потресени.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стражарот почесто се запира до прозорчињата и вика луто и изострено за да ги смири и замолчи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А сите не ќе нѐ исколат Турците? И тие се од месо и крв! Коџабашијата ги смири селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пак се смирија. — Еве шо, — рече Толе. — Во секое село требе ние да си кладиме наши луѓе за работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По смирувањето на Хелените, Александар во 335-та тргнал на север за да ги смири Трибалите кои живееле на просторот помеѓу реките Јужна и Западна Морава-Искар и Дунав (Истеос) на север.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Затоа талкањето дури потоа почнуваше: требаше прво да се најде кола што ќе ги пренесе останките, требаше потоа да се најде човек што ќе го откопа стариот гроб, требаше потем да се најде друг човек што ќе го закопа новиот гроб, требаше најпосле да се најде поп што ќе ги смири останките на мртвиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со цел да ги смири судирите како посредник се ангажирал капетанот Ламби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Боге пласна со опачината по водата, божем во ракоплескање, но веднаш ги смири веслата на знак од Фоте да запре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш, за среќа или за несреќа, се појави од некаде како од никаде маестро Миха, со циганската марама околу мисирковиот врат и мразулците пот по челото до веѓите, па како црн ангел му покажа дека со месење земја може да си ги смири барем прстите ако не и совеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И токму затоа, луѓето, индивидуално и колективно, не успеваат да ги смират и да ги урамнотежат силните налети на историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си размислуваше, како и некогаш за Скопје, дека империите на злото и на делбите, со победите и со поразите, со намерите да ги совладаат или да ги смират разликите, создавале, во овие центри, и простори на помирливост, на толерантност...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најпосле, Татко можеше да ги смири и своите книги на чардакот, и тие, подготвени, со раширените листови, како крилја на судбината, да полетаат некаде со семејството, да го стигнат вечниот облак над покривот на куќата, помеѓу земјата и небото, токму како во сликата на Шагал.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакајќи да ги смири соиграчите, тој му се обрати на Татко: - Јас му реков на Водачот, да не се презема ништо околу отоманските записи додека не се провери нивната содржина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Застана пред Денко и со мирен глас, без какви и да е движења, ги смири кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Белуш! Белуш! Мирен, - се обидуваше Денко да ги смири и ги мамеше да дојдат до Гогов Валог, до дедо Димовата колиба каде ќе може да ги нахрани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доктор Коста неколкупати ги креваше рацете и одвај, одвај успеа да ги смири прерадосните луѓе околу себе и да дојде до збор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Диме се наежи. Забите почнаа да му чукаат а тој се мачеше да ги смири но не можеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога надлежните органи го прекориле со зборовите: „Ама, бре Сталине, пак ли ти!“ тој ги смирил со податокот дека со Белгијанецот, стопанот на кравата, бргу се нагодиле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Добар ти пат“, ѝ рече надевајќи се дека таа, како и другпат, ќе ги смири некаде нервите и ќе се врати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И таа искрено жалеше за Младен, кој повеќепати знаеше да ги смири нападите на Ружа и да застане на Радина страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа, во миг ќе го растопеше ледот, ќе му ја заблажеше горчината во утробата, ќе ги смиреше брановите кои во секој момент му ја давеа душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Застанал крај ѕидот на урнатината - звукот на гајдата се склопчувал над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Добро, не е виновен. Но зошто не се врати? Тоа ќе ги смири луѓето, и дружината ќе може да го продолжи патот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потпрен на камен, чекал тој звук да се спушти од височина и со удар на остар клун да му ги смири дамарите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сандре Самарија ги смири: „Ноќ е, Борисе. Ќе го бараш и ако не се сопнеш од него, не ќе го видиш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Блаже Задгорец рече: „Пееме кога ни свират, кога е за пеење.“ Борис Калпак остана згрбавен: „Мртвите не пеат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Госпоѓа Мариела удри со тупаница на масата за да ги смири осамените срца, но тие и натаму продолжија гласно да зборуваат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
При тоа испитување, во сеќавањето ги врежав надворешниот изглед на писмото и неговата положба во кутичето; а секако, најпосле дојдов и до едно откритие што ги смири и најситните сомнежи кај мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Панично ја влечеа даската, не сфаќајќи дека така се враќаме назад. Пробав да ги смирам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде сум да ги стопам сите мразови. Да ги разгорам сите огнови, да ги смирам сите олуи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Смрт. Таа страшна слика, тешко сознание и најлудите и најпакосните за час ги смири.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нацијата - тоа е перманентна војна којашто југословенската идеја (поради политичките изопачувања на националните тагови внатре во самата неа) никогаш не можеше да ги смири.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја фати Бојана за рака и тоа малку ги смири двајцата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Некои од пијаниците беа толку насилни што другите затвореници мораа да ги задржуваат силите за да ги смират.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се обидуваше да ги смири.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но Татко умееше да го совлада нивниот егзил, да ги смири, да ги помири во библиотеката, во среќниот дом на нивното откриено враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде луѓето успеваа полесно да ги помират разликите, да си ги смират страстите, да го најдат патот на братимењето, да почитуваат добрини на исти светилишта, во манастири, во џамии и во цркви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да ги смири, да ги охрабри на нивниот долг пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Остави ја, нејзе ѝ пречи сè што мене ми се допаѓа – се јави повторно гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За разлика од тебе тој вопшто не е лицемерен”, изгледа Јана ѝ се обрати директно на Катерина, бидејќи во истиот момент гласовите и на двете жени се измешаа а потоа се јави и гласот на Непознатиот, веројатно за да ги смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ги смири децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жилберт&Џорџ: Веруваме дека можете да употребите секоја боја за било што, за било што.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, бојата денес станува сѐ повеќе важна, ја користат за да ги смират затворениците, или да излекуваат дислексија со користење на обоени леќи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во однос на Грција, експертите сметале дека Британија, од своја страна, би требало да воспостави системи "кои јасно ќе ѝ се обратат на Велика Британија за помош против руското влијание".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но таа асоцијација, според нив "би можела да се смета за сомнителна од страна на Советската влада", па затоа Британците би требало да се обидат да ги смират Русите, со нагласување дека нивните интереси се "во Источниот Медитеран".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив, "единствената сила способна и разбирливо подготвена да ја изврши оваа задача, се чини, би бил СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во прилог на ова оди и донесената одлука од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во декември 1944 година, британските и американските членови на воените мисии да ја напуштат Македонија, бидејќи се сметало дека нивното присуство по завршувањето на војната веќе не било потребно во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како петта солуција ја истакнале можноста „Балканскиот Полуостров да се најде под контрола на голема сила, таа сила да стави крај на локалните непријателства и да ги смири расите во Македонија и на целиот Полуостров и нејзе да ѝ бидат потчинети".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но од документација е евидентно дека Тито не можел да ги смири духовите на Македонците во нивните намери, ако се создадат услови, да го реализираат обединувањето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Веднаш по оваа случка почнаа големи болки за неа и татко ми ја носеше често на лекар на инјекции, за да ги смири болките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Поворката застана, застана и народот. А попот крена рака да ги смири гласовите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)