ги (зам.) - споменува (гл.)

Немам пари, реков засрамено јас, жулавејќи ги во џебот оние три долари, несигурен дали воопшто да ги споменувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Исто така можеме да потсетиме и на K. Marx-овите Париски ракописи (1844), во кои што (и тоа во Третиот ракопис) ги споменува „сетилата-теоретичари” и пишува за „обликување на петте сетила како производ на целата досегашна светска историја”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелните машини ги споменува во следниот контекст: ‘човек сум или машина?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да го споменеме тука G.W.F. Hegel, неговите Предавања за естетиката, во кои што во врска со толкувањето на естетските уживања при уметничките дела воведува разлика меѓу сетилата-теоретичари, и оние сетила, кои што тоа не се.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Продолжува. Ги споменува Калча и Славча.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
2. Во карпата над чешмичето, од каде пред десетина години го нападна онбашијата за да го одбрани дедот Паленѕа и сина му Бојка, ги остави своите седум души опробани другари да си ги споменуваат тие стари спомени, а тој со Ќосото се оддели и го фати честарот во Суши Кутол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чекајте не кај ужината, — им рече Толе на другарите и се изгубија двајцата со Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како зачетници Тезауро ги споменува шпанските проповедници во Неапол, а тој самиот - а тоа го прифаќа и Бенедето Кроче - го познавал трактатот на Грасиан.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите писатели на трактати, меѓутоа, како узори ги споменуваат античките писатели, иако се знае, а тоа посебно Margina #26-28 [1995] | okno.mk 237 важи за Тезауро, дека еквивокниот кончетизам (Грасиан) е симбол на новото време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Јужна Америка“, прошепоте таа, а очите ѝ поигруваа од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(Господ знае какви инсекти можат тука да живеат - и земја, земјата мора да е полна со бактерии, а да не ги споменуваме пајаците, црвите и слично) и без тепих (погодно тло за буви, вошки и инсекти).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште смешкајќи се таа ме поведе до софата од црн скај и бавно се спушти до мене нишајќи го виното во својот скут. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 154
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чекаа да бидат повикани в куќа. Потоа, без ред, неповрзано, ги споменуваа тајните желби на неколцина Борис Калпак да стане челник и кој како што умееше ја толкуваше Мечкојадовата тага по обесениот вујко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни по првите ѕвезди не се стемнуваше. Онисифор Проказник праша за добитокот, дали е носен на пасење, дали има сено и дали е напоен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Споменува некои имиња, ги споменува: кравата, магарето, кучето, го спомнува патот. Сака некаде да оди, да патува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потекнувале од племенското племе на Сагариќаните, коишто и Херодот ги споменува како давители (волокожни јамки) и оние што колат (бодежи), а ја пустошеле Индија, како што тие тврделе, од осмиот век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секаде ја имате истата перспектива, од Маркс до Вебер и Диркем, да не ги споменуваме политичките идеологии што настојуваат хаотичниот, несреден свет да го заменат со проѕирен реалитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Последниот голем обид светот да се претстави како суреден систем беше оној на Талкот Парсонс - обид на дезорганизираниот свет да му се наметне некој вид ред, со селекцијата на некои аспекти како нормални а други како ненормални, девијантни, што го нарушуваат моделот и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Тие, птиците“, чу. Не беше сигурен дека ги споменуваа птиците. Можеби му се чинеше само.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никој, никој не ги споменува јагулите, си мислеше Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Низ смрtта ѕирка, оживува едно време по кое трагам во моите книги...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Лазгуш Порадеци овде ги споменува дедо ми и татко ми, како основоположници на школството во Поградец и пошироко, за време на Големата војна и француската администрација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најмногу ги споменуваше душманите, мислејќи на Турците и на Фанариотите за кои дури подоцна разбрав оти тие биле грчки попови и гркоманите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)