ги (зам.) - стегнува (гл.)

За поздрав, таа му ги фрла на авторот двете раце врз рамената, ги стегнува своите тврди дојки врз неговите гради, го погледнува со сочна искричавост во очите, се поткрева на прсти и сочно го бацува во уста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но сепак ги стегнува вилиците да не го испушти крикот затнат во грлото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)