ги (зам.) - стопли (гл.)

Не за спомен, ами за да не се боси, фанелите за да ги стоплат, а шинелите за постела или покривач...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само двајца или тројца знаат за нив, за куќата во која се сместуваат, за времето кога ќе си одат, ама освен нив никој друг не знае каде ќе одат... народецот знае само да ги нахрани, да ги стопли, топло да ги покрие кога спијат другарите од власта народна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сам се огласуваше, да ги стопли истинатите души... Кавалот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се собуваа на смени, си ги триеја помодрените стапала со снег и ги сушеа на огнот за барем малку да ги стоплат пред да ги навлечат повторно чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Раскажуваа носталгични војнички приказни за дома (како домовите да им беа на друг континент, а не само триесетина километри од нивните позиции), женетите за децата, неженетите за девојките, некој секогаш ги пцуеше политичарите, а тој најчесто молчеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ама топлината ги стопли двете души осамени, ујадени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ги прифати подадените раце, да ги стопли во дланките.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нивните вкочанети тела никогаш нема да ги стоплат тажните звуци на војничката труба и солзите на некои од нас што стоеме улуглави над гробовите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Летното сонце не можеше да ни ги стопли коските, се тресевме и ги триевме дланките една од друга, и нагоре-надолу од бутовите до колената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога отидовме да ручаме во трпезаријата, одново се појави жената која спиеше на креветот до мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понастрана од другите крај кладите од огревно дрво се собираат и оние кои немаат со што да си ги стоплат домовите и кои немаат со што да приготват празнична трпеза.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)