ги (зам.) - токми (гл.)

Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зарем по тамошните ветришта и снегови ќе ги токмиме нашите умови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откинува ново стракче трева, го џвака и, откако устата му се наполнува плунка, ги токми усните и, како гуска што тешко голта, ја подава брадата, си го оптегнува вратот и исплукува низ заби.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)