ги (зам.) - трпи (гл.)

Одлучија да заминат сеејќи паника со рафални пукотници, одмаздувајќи му се на народот што толку долго, вон каква било памет, ги трпел и им пуштал на волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како и да е, сите студии за минатите преведувачи и преводи се главно фокусирани на прашањето за влијанието: за последиците што продуктот, текстот на ЈЦ ги трпи во одреден културен контекст, многу повеќе отколку на самиот процес на креацијата и на теоријата на сѐ она што лежи зад процесот на креирање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мала е радоста што ја носат спечалените пари за да ги ублажи оние маки кои печалбарот ги трпи во туѓина и немаштијата што ја трпат оние што остануваат дома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И покрај критиките што ги трпеше тој, сепак, беше „врзан“ за скутот на својата мајка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, најбитниот аспект што може да го согледаме во овој случај е позитивниот пример за решеноста и одлучноста на работниците како Ѓорѓиевски, кој и покрај сите објективни и субјективни пречки, сепак се одважи да се спротивстави на неправдите кои катадневно ги трпеше на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Немам почит за нив. Не ги трпам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ваквата формулација отвора простор за дополнителни притисоци кои работничката, отсутна поради бременост или родителство, би можела да ги трпи од страна на работодавачот, пред се, ако тие решат да се спротистават на хегемонијата на волјата на „газдата“ и се одлучат да го искористат ова свое загарантирано право тогаш кога тие сметаат за потребно; ● четврто, се воведе право на неплатено родителско отсуство на работничката заради грижа за детето, до три месеци, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство до периодот да наршување на тригодишна возраст на детето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
“181 Овој ужасен и жален портрет на Крафорд се сосредоточува на спротивноста меѓу нејзината гламурозност и нејзината абјектност, карактеристична комбинација што никогаш не се прикажала со посјајно дејство отколку во самиот филм Милдред Пирс, а особено во сцената што предмалку ја видовме, каде што нејзината строга отменост и нејзиното достоинствено држење се во суштинска спротивност со навредите што ги трпи и со социјалната и со емоционалната запрепастеност што толку речовито ги бележи нејзиното лице.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Официјалниот, јавен, на виделина и горд геј-идентитет никако не ги трпи ни срамот ни самотијата, ни таинственоста и нема трпение ниту кон оние што решиле да пекаат во абјектна состојба на емоционална изолација ни во надоместителските и манични уживања во самотниот настран живот од мечтите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Шприцери пијат тие што сакаат да ждригаат, јас таквите не ги трпам. - Добро, голо вино.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само што јас ги трпам заради тебе. - Знам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Туку, нека им е, такви ги создал Господ и тој ги трпи иако син му и мајката на син му најмногу ги пцујат...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како што не ги трпи ни прикаските за Виена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои реони се толку многу загадени, што идните генерации ќе мора да ги трпат последиците од загадувањата, да живеат во градот што не може нормално да функционира и се задушува во сопствените еколошки проблеми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)