ги (зам.) - турне (гл.)

— Е, доста де, доста, — се тргна Доста и му ги турна рацете од неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И по трет пат зел да брои жолтици; и пак откако изборил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола: Овие реко, ви ги давам за кô ќе ѕидате црква јали училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Родилките ги турнаа топлите ќебиња кон своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа ѝ ги свиткав нозете, петиците ѝ ги турнав до под газот, ѝ ги одлепив колената, ги раширив легнувајќи ѝ ги бутовите на двете страни од чаршафот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потстана малку и ги турна фармерките, заедно со неговите боксерки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја спружив кон Турците и сите тројца ги турнав од чикмето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)