ги (зам.) - уапси (гл.)

Мислам, ќе ги претепаш ти хипиците што демонстрираат, ќе ги уапсиш и пацифистите што дезертираат, ќе ги изолираш и битниците што подбуцнуваат - ама што да правиш дома со ќерка ти што завива ко мачка пред парење?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пред само една година полицијата во Сан Франциско беше спремна да ги уапси членовите на Living Театрот само ако почнат да се соблекуваат, а сега одеднаш, на сите страни, имаше куп актери кои се соблекуваат и играат сосема голи на сцената и тоа во добро рекламирани претстави како „Ох! Калкута” и “Дионисиус во 69.”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе стане мажот од ноќната мора и ќе ги уапси децата, целото семејство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нив ги уапсија и ги тргнаа од нас. Како што се вели – ги изолираа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Бурели ги уапсија и ги пратија во Москва. Таму им пресудија и ги пратија во Сибир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)