ги (зам.) - удри (гл.)

Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така: Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исто како што нема да завршат глуво шлаканиците што некои бабачковци, неодговорни типови, онака, без некоја причина, ќе му ги удрат на театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кој беше, што беше, се разбра, дека тој пезевенк, Толе Паша, што ги плени бравите на Велиага од Црничани пак се вратил, Валијата и Фазлибеј, пашата, уште за малку што не ги удри дамла.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земјата е пекол сува. Според навиката, тој сега ги фрли казмата и лопатата сред копаното, ги удри дланките една од друга, ја облече кошулата и, по малку време, замина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некој пак поинаку, но со иста содржина: „Малку македончиња имаме, дури Германија требаше да одиш за мажење“ или „те излага, и дете ти направи како што кажуваш, па ти ги удри клоците.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не се сеќавам дека некогаш ги удрил!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Погрден е, на еден или на друг начин, и за жените и за геј-мажите, затоа што го пренебрегнува она што ги разлачува едни од други и затоа што не им ги признава субјективните особености, а тие, најпосле, се оние што ги удриле темелите на можноста за вкрстена идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односно – а ова можеби е поентата и на едното и на другото толкување – тешко е да се согледа како може обете тврдења да бидат вистинити, освен ако поентата и на едното и на другото е дека Џоан Крафорд воопшто не е никаква жена, дека претставува машки геј-идентитет и дека, без разлика на тоа што не изгледа така, е геј-маж во дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тој заклучок е погрешен. Ѝ ја одрекува на Крафорд прочуената и силна женствена гламурозност, која, мора да се признае, се потпира врз едно стратешко мешање на машки и на женски особини, а со тоа таквиот заклучок одбива да го признае она што сме научиле да го викаме „женска мажественост“, многуте видови мажественост што жените, како жени, можат да ги изведуваат.297 Неправеден е кон Крафорд, бидејќи одбива да ѝ го признае внимателно негуваниот и променлив стил на женско отелотворение и да се занимава со него, како и нејзиното комплексно справување со женствениот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сака да ѝ се јави, сака да ја праша дали крај неа е и онаа кучка Ангелина, ама не стигнува, Милка Русјакова и Родна Караколева мислиш се удрија во неа со своите гласови Устрау да ги удри! пискливо Милка, а Родна речиси плачливо Бел ден да не видат! а заедно Назад, назад!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Устрау да ги удри! Бел ден да не видат!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Рофја да ги удри. Сѐ собраа ... Зар не знаат дека имаме деца?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А таму, рофја да ги удри, им ги вадат душите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И мајка ми налутено велеше: - Чумата да ги удри, зар не знаат дека имаме деца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ете, со таквото свое однесување, самата ги удри темелите на невообичаениот почеток на нивната заедничка живеачка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И пуста јас, дали било тоа јадење?! Ако јадат повеќе леб, ќе ги удрам по рака, и ќе им велам помалку да јадат леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко тогаш ги удри воловите со прачка, ги потера и тие тргнаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги удрат, вели, и после се растуркуваат кој да го земе срцето од лубеницата, кој да го земе попот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)