ги (зам.) - овие (зам.)

Вие не можевте на подобар начин да му се оддолжите на Бога чувајќи ги овие негови списи, ако се тие свети.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Слушајќи ги овие зборови, тој апсолутно се согласи со нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ова е планина, Денко. Не можеш да се однесуваш како да си дома. Не навредувај ги овие добри луѓе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Размислувајќи ги овие зборови и друзи ноќта, Силјан уште во темни зори ја праштил в град и си ошол на еден ан кај што си одел секогаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Само на една грозна чапја не ѝ ја сврте шијата како на другите, туку ја пушти назад ставајќи ѝ прстен на ногата на кој напиша: „Почитувани цареви и кралеви, не пуштајте ги овие птици ваму каде што не им е местото, зашто ќе ја доживеат судбината како што ја доживееја вашите војски...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население е толку монструозна, во името на наводниот прогрес, лишувајќи ги овие животни од живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Слушајќи ги овие зборови, Јагулче Дримски, видливо започна, во знак на немирење да ја врти главата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш ќе дојдеше, ќе ја извадеше банкнотата од џеб, ќе ја измазнеше со движење кое покажуваше љубов и страдање истовремено, и ќе речеше: „Беше толку љубезен и ми помогна кога бев во невола, еве ти ги овие пет марки!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гледајќи ги овие растенија, луѓето велеа: Боже, се измеша светот: дојде време да не се знае кој кого јаде: дали животните растенијата, или растенијата животните...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)