ги (зам.) - тие (зам.)

Заменете ги тие букви, на пример, со вашите имиња, во сите расположиви комбинации, од кои не би била исклучена можноста името од местото на буквата З да биде на местото од името на буквата А, и така натаму, до бескрај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еве ги тие зборови на кои ден-денешен им се сеќавам: Спиј спокојно, чедо мое Во пазуви ми кротко сони, чедо мое Во душава мир си најди, чедо мое Во срцево куќа гради, чедо мое Во куќата дворои имај, чедо мое Во дворови цвеќе сади, чедо мое Спиј и нани, нани, нани, чедо мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Остави ги тие тефтери и фермани што си ги зел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оставете ги тие муабети, земете, напите се додека е топла.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Читајќи ги тие книги, дознаваше дека, всушност, не постои никаква граница меѓу животот и смртта: сеедно е дали овој живот овде го живееш или оној другиот горе: никаква разлика во тоа нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
НИКОЛАЌИ: (на Саветка). Остави ги тие работи, слатко... (Ристаќи и Николаќи излегуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Види ги тие младешки списанија во Токио! Yирнуваат во сè и сешто. Rolling Stone е како мала селска публикација во споредба со јапонските магазини.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дајте ги тие вреќи и бовчи и пикнете се на суво!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- „Носи си ги тие гомненици“ - рече. - Поточно: „Чувај си ги тие интелектуални гомненици за дома“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не! Не! Фрли ги тие глупости на буништето, другар Ѓорѓи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отвори ролетни, прозорец.. Гледај ги тие волшебни нишки, вртелешка шарена како на слобода се движи..
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сум читал дека многу кози натоварени со бомби околу себе биле ис­праќани во непријателскиот фронт за време Првата светска војна! – Остави ги тие глупости!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остави ги тие хартии, велам, и нив ќе ги изеде правта, сонцето не заоѓа на пладне!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко, со разлеана тага во своите сини очи, бездруго од задржаните солзи, ја прегрна Мајка и тивко ѝ рече: – Мила, задржи ги тие спомени од твоите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)