ги (зам.) - куче (имн.)

Едноставна порака: Соберете си ги кучињата или ќе го раширам програмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога стигнав беше доцна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Бре, прибери си ги кучињата! Ќе нѐ искинат! - извика чичко Анѓеле, ја истргна ластегарката од самарот на коњот и почна да мава.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Намачкајте ги кучињата со катран, вели Доксим Тренчески и фрлајте ги!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Донка му велеше - ајде Борис да си одиме остај ги кучињата доста те мачеа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го бодна коњот со факелот и газејќи ги кучињата, стигна навреме месечината да му покаже како девојката се губи во столбовите на шумата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зошто сме толку вљубени во наши­те галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бојан го држеше лебот високо над главата, дразнејќи ги кучињата, а тие скокаа околу него, обидувајќи се да го дофатат лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)