го (зам.) - акне (гл.)

- Само 100 иљадарки ама уште првиот ден го акнаа албумот на интернет па ни се сјеба продажбата - рече Шољич.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, невешт во борењето, никако не успеваше да го земе Иса на колк и да го удри од земја, ниту пак да го дофати со десната рака за неговата десна рака, горе над дланката, а со левата за неговата лева нога, долу под глуждот, и да го акне од земја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тргна возот. - Илјада и двесте доброволци - го слушнав гласот на Високиот - по два дена ќе имаме во Берковица30.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Исо, пак, вешт, силен и сигурен во својата победа, се вртеше околу него, плескаше со рацете, со еден збор тераше подбишега со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш му иди да потрча по нив, да зграпчи некое и да го акне од земја, ама не смее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го бутуриса овега од вилата и уште повеќе разјарен, продолжи да шиба со вилата во копата, и оттаму, од сламата, наденат на вилата, извади и друг запија, го крена високо и токму сакаше да го акне од земја, го покоси еден куршум, истрелан од пондилата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го акнав по глуждот оној што одеше пред мене, а тој ми се сврте и, држејќи се за удреното место, плачливо праша: - Копиле, зар не знаеш да маршираш, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)