го (зам.) - асимилира (гл.)

Кога Океанија би ги освоила деловите што некогаш беа познати како Франција и Германија, би требало или да го уништи населението, што би претставувало потфат со големи физички тешкотии, или пак да го асимилира населението од околу сто милиони луѓе кои, барем што се однесува до техничкиот развој, се приближно на нивото на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа тој посочува пат што кај нас не беше возможен: усното творештво, подложно на профаните елементи, лесно го асимилираше и новиот книжевен материјал од преводите за тој, дури потоа, да повлијае, веќе еднаш асимилиран, врз новата пишувана литература.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еволуцијата на науките и технологијата иницира нови медиски системи кои можат да го асимилираат во себе уметничкиот експеримент и исказ, но тоа не значи дека тој уметнички исказ нема да има идеен контекст.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)