го (зам.) - вдене (гл.)

Ја плаши помислата дека не ќе успее да го вдене конецот пред што таа во никој случај не може да стане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој веќе едно три минути се обидуваше да го вдене конецот во увцето од иглата, не успеваше и поради тоа многу се лутеше на темницата и дури и на самиот конец, мрморејќи полугласно: „Не влегува, варварин; ме сотре ти мене, непрокопсаник низеден!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сега, обидувајќи се повторно да го вдене конецот на мислата во илицата на разговорот, само рече: - Колку што знам јас, работа без замор нема, а замор без работа е симулација ако не е болест.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И, во еден момент, кога Иван Степанович оценил оти тоа е најпогодно, му го вденал зрното во тилот, и ја завршил приказната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Безизразно гледа во прстите на кловнот и очекува тој најпосле да го вдене конецот низ тесните уши на иглата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)