го (зам.) - викне (гл.)

Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се намерачил Мино за Ленка. Го викнал Мијалче да го испрати во Соколарци, село малку подалеку од Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот со кого јас седев, кога мислеше дека работата узреала, пак го викна оној лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Третиот селанец, кого што Гоце го викна Стоица, го грабна Назлам-бега во своите железни прегратки и го врза.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како се осмели тоа да го викне - праша трет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гоце, те вика директорот! Дојди во канцеларијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По читањето на збирката Вител во Витлеем посакувате како јунакот Холден Колфилд од Ловецот во ’ржта, авторот на книгата да биде ваш близок пријател и да можете да го викнете преку телефон (или интернет) кога ќе ви падне на памет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во еден момент стражарот дури го запира коњот, свртен накај него, и на Пискулиева му се чини дека еве сега ќе го викне: „Еј ти, доброто ми момче, ајде оди ми си надвор, гледам јас дека ти си по грешка овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Санде, седни! - го викна Рангел. - А не, благодарам, имам работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рангела го викнаа надвор. Требаше да се стане, а на Кочо не му се стануваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Колета го викнаа пред малку в училиште. Валкана е работата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сакам да го викнам во грмушкава за да не сум сам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Учителот се налутува: мора да го викне прислужникот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Седна како на трње и зачека да слушне зошто го викнаа денеска на конакот и тоа обајцата главабашии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Море бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко ги прибра десетте лири, и излезе, а Арслан нарача по Ибраима да го викне Јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, дал господ диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на стари години! — се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да чујам, мудур ефенди!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе не сакаше да го тревожи стариот си татка, та го пушти Андона да го викне стрика му Кулета во долчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа положба Толе ја наѕре и го викна, ете, Андона и стрика си Кулета, ако можат некако да ја изменат!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сега ќе даваме башлама, ама аскерот нека го варди селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не помина долго време Спасе го викна на една домашна журка во населбата Жганец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас го викнав со глас домаќинот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ајде, бре, што си застанал, како замрзнат, седи овде... - го викна пак директорот и му турна стол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Што ќе се напиеш? - праша Геро, како да го викнал во негово маало, и ја крена раката да штракне со прстите, како да ги довикува другите тепачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи се премислив малку, се тргнав од таа портата и го викнав неколку пати на име.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Колата скршна накај завојот а потоа се истрани на височинката при што и коњот падна на колена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби жената спискала и тој ја слушнал. Или коларот го викнал!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најпосле се сетив и го викнав Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тежев тогаш дванаесет килограми, ако не и неколку грамови повеќе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Оди ваму - го викна дедото наведнатиот човек во црната капа со нашиен жолт крст. - Дај исправите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Човекот се оттурна со веслото од пристаништето и сосем се сврте.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Знаете, јас сигурно ја знам госпоѓицата од некогаш, многу порано“ реков и тој веќе гледаше во мене како да сум лудак; претпоставувам дека помисли да го викне обезбедувањето на мирен начин, без да ме разжести и од тие причини рече: „Почекајте“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој вреден запис и достојно сведоштво читам: “Како што се гледа од раскажувањето на генералот Лешек Кшемјењ, тогашен заменик командант на шлескиот воен округ за политичко - воспитни прашања, во почетокот на летото 1949 година го викнал кај себе првиот секретар на ЦК на ПОРП, Болеслав Бјерут.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден ден тој го викна дедо во сарајот и му рече: - Чувајте се.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејсе. Ние, три - четири жени, пак го викнавме старчето и со молитви го замоливме пак да оди во тоа албанско село Шкумбин и да се распраша дали е далеку таа пуста касаба Дуреси и како да се оди таму.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред Орце да тргне за Македонија, тие решиле да го викнат и да го придобијат за своето дело Димитар Мечев, кој во тоа време работел во рудникот Перник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ќе го викнат Петар – нема да се оѕве Иван, Лазар, Велика и други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му се гадеше од немаштијата на која никој од нив не беше навикнат – во џебот немаше ебен динар кога неговите другари од бендот го викнаа да дојде со нив во Берлин.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога наполно оздраве Девица, Профим го викна Полина да си ја земе невестата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе сменам: „Одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!“, и линк од Google Earth.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неколку дни со ред што ја гледало момчето цареа ќерка да стоит на пенџере и да се пулит во бавчата и момчето ја гледало от кокошарникот и си рекло со умот да го викни коњот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред, ако се погодат, пак да му биди таинџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа доиграло момчето со коњо, го испушти и си влезе в кокошарник да си спиет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа му платил и му натплатил царот, се погодиле пак за напред да му бидит момчето таинџија на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Клисарот отиде да го викне, ама се врати без него. Барал пари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе го викнеме Илчо Просинек. Знае влашки, грчки.“ Го тргна кошот од пред мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Во Лесново изгоре куќа, попе. Кажи ни од каков оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седи ти, бабо, а јас ќе ти го викнам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако помине, како што сум сама, ќе го викнам да дојде и... ќе го бакнам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го викна келнерот и побара пак ракија. „Јанкуло, Мануш...“ рече со врела рапавост и детска болка во грлото. „Храбри ли сте, кажите?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе бидам кај клупата под сато во 18 часот. Срдечни поздрави, Томаица“ и веднаш го викна Васе да отрча и да му го даде писмото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега посакувам да го викнев оној идиот Влатче, и онака ми се набацва секој ден.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Стојан накратко му објаснил и зошто го викнал: – Ако не го потпишеш налогот за твојата жена, тогаш јас ќе ги потпишам двата и двајцата среќно ќе си живеете во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го викнав болничарот, па со се инфузијата ти помогнавме да седнеш на столицата до креветот, сестрата ти го мереше притисок и излезе низ вратата, јас тргнав по неа да ја прашам колку ти е притисокот, а таа немоќно ги рашири рацете и одмавна со главата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ќе го викнеме докторот... - Не треба, синко, доста ми е веќе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не знаејќи што да прави, збунета, стрчна кај Андро да го викне, да му каже што прави жена му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога оздраве Богуле и се врати во интернатот, го викнаа и внимателно, полека му кажаа дека татко му е умрен, му ја подаде телеграмата и му изрази сочувство жулнувајќи го со рака по главата нежно, татковски и молејќи го да најде сили во себе да ја издржи оваа болка, оваа тага; му рече дека знае колку е тешко и жално да ти умре родител и колку мачно се доживува тоа, но што може да се прави кога е тоа веќе факт, кога не може ништо да поврати, ништо да стори; со плачење и со тагување може само да си го довлоши и онака слабото здравје.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го викнаа докторот Татули кој еднаш неделно доаѓаше во селото, го прегледа и им рече: - Повредите ќе му минат, но детево треба да се пази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За да го отстраши и од смртта, татко му пак го викнал вајарот и му рекол да ја изваја смртта онака како што му ја опишал синот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко ги врза маските на јаслите и носи сега сам зоб, слама и брза да види кога ќе може да го викне поп Трајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Рожденката ѝ нареди на идната средба да го викне кај нив дома и таа да зборува со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За да им направи радост на децата, таа му рече еден четврток на Толета да го викне Крстеа со нив заедно на ручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Везирот го викна кај него, му рече да го симне турбанот и со голема возбуда му рече да застане до Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се плашеше да не го викне Анѓа од зад решетките.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа веднаш му нареди на гавазот да го викне буљукбашијата на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ги дотерам татка ѝ, брата ѝ мајка ѝ, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак. – А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти пратил пари да го викнеш дедо ти Јордан на задуша...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да го викнам на кафе некој ден?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Утредента командирот половина чета ја остави на бојните места, а другата половина ја подбра и слегоа прво долу во Сливница. Таму го викнаа кметот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се разбира го викнал и новиот правоверник.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тогаш одлучи да го викне по име! Но Н.С. продолжи да молчи. Не се одѕва.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Морав будно да пазам на секој негов заспан чекор.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ќе го викнат на разговор, молчи како залиен, ќе му кажат да молчи, збори како навиен.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
МАЛИОТ: Да им кажеме и моето име малку да го викнат!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Си се сладел така малечкиот бате Иле, додека едно попладне растревожениот глас на мајка му го викнала одма да се прибере од сокак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие мисли ме напаѓаат, што се вели – сред бел ден, а јас, наместо да се бранам, пуштам да ми се редат, правејќи ми го тромавото тело уште попивтиесто.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го викнав комшијата. Инженер е, ама се разбира во сѐ.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Јас го викнав - слушнав дека му објаснува на пријателот додека седнував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се фати за траказот, од вратата чу дека Најдо го викна. Се сврте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Бошка го викнаа дури по цел еден час.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби и му се умилкувал, дека тој лично, Иван Степанович, се потрудил нему, на својот верен пријател да му ја приреди таа чест, тој да ја воведе девојката во нејзината нова професија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби го викнал Ролана и го довел до некоја замрачена соба во куплерајот“, си претпоставуваше таа, „до некое сопче од оние горе, на катот, во Градината што не ѝ го знам ни името, и го замолил да влезе во собата и да го стори она што обично, во таквите случаи, им се прави на курвите, уверувајќи го дека е во прашање некоја нова девојка, некое златно суштество.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Туку да го викнам Спиро, знаеш, машко срце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Викни го. НАЦА: (Од вратата.) Спиро, Спиро, Спиро!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сите егејски мајки преку мене си ги бараат децата, а јас своето не можам да си го викнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поминувам за да го викнам, да одиме заедно на училиште...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По половина час Ѓорѓи го викнаа на сослушување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Астиномот го викна кумот во куќата на попот и со наредувачки глас му рече: - Ако детето го крстиш Митре, тогаш тебе ќе те прекрстам и на крст ќе ти ја истрижам главата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас и така и така поради празниците и заради претстојниот празник бев прерадувам и возбуден, ама кога баба ми ме прати да го викнам Килета, се најдов ни на небо ни на земја.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паметам како приквечерта, додека мајка ми в огниште го ставаше котелот да зоврие вода за да ни ги измие главите, баба ми ме прати да го викнам Килета на поп Донета, мајка ми нему да му ја измие главата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По едно време Мече усети дека светлокосиот го побутна со лакт и го викна тихо, по име: - Мече!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го викнав и Гркот само тој не шири познанства. Разговара само во четири очи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Сакаш да го викнам? - се направив јас важен, задоволен што го познавам Кире, кој две години е постар од нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вечеравме, го викна келнерот, Мане му плати и побара една соба за ноќевање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме едно многу храбро курирче, се викаше Иге, го викнав, но првиот пат не слушнав одговор, па повторно викнав по него: Иге!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Недалеку од мене се повлекуваше еден коњоводец, го викнав по име Тодор, како што ми рече ранетиот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И се подготвија да одат во штабот за да утврдат што е правилно, а што не.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите се простивме, а бидејќи брат ми беше в планина пративме човек итно да го викне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
СИЛУВАЊЕТО
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Решив да викам, но да не ме видат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во исто време дојдоа куририте и го викнаа командирот Леко. Тој отиде со некој страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го викна кајмакамот Ризван бег: „Сум чул, ибн Бајко ефенди, си сакал да кренеш џамија?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да го викнеме Штурчо! Тој е добар свирач. - Штурчо! Штурчо! - се развикаа мравките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)