го (зам.) - воведе (гл.)

Селанецот ја сметна капата и поздрави: - Добар ден, браќа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Граѓанинот го поведе селанецот по скалите, се качија горе и го воведе во една голема одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Башевски како да се надоврзува на Селимовиќ, но додека Селимовиќ го воведува ликот на Хасан, кој верува дека спасувањето на братот не може да се доведува под прашање заради виша правда, туку дека правдата може да се оствари само преку поединечното спасување, т.е. дека универзалното го нема, ако го нема во поединечното, во Бунар нема позотивни нишки на ликови чија етика не се доведува под прашање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Грег Беар (Greg Bear), денес еден од најчитаните SF писатели во Америка, го деформираше светот со своите нанотехнолошки амеби, ја посочи дволичноста на односот кон хомосексуалните гении и го воведе во секојдневието поимот на Шредингеревиот (Schrö­dinger) парадокс.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговото надворешно однесување е одбрамбен систем којшто е аналоген на безбројните отвори кон подземните премини за кои човек си замислува дека ќе го воведат во подземната цитадела, но тие водат во други насоки или не водат никаде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Малку по малку Јован го воведе Толета во. разговорите и тој почна сериозно да се занимава со таа мисла — слободата на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога Бабовчето стана од пангото и го воведе Бајракот во визбата, овој ја заврте главата и потскришум се насмевна, мислејќи си во себе: „Аха! Вистина ќе биде шо ми велеше мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го погодил местото каде да ги бара „дивите“ в град.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не му помагаше тука сета ука од сите книги што ја беше насобрал во својата нестрижена глава, зашто се покажа дека уште нема книга што барем ќе го воведе ако нема да го води човека низ животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Спојот на технологија , контрола и страст во време на доцниот капитализам, и обидот тој да се раскине“, како што вели истражувачот на медиумите Peter Weibel , „се теми на неговите текстови“. Burroughs рано го воведе поимот на вирус во својот книжевен универзум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мене колку ми е познато овој термин за првпат во размислата за поезијата го воведува Осип Мандељштам во есејот „Испад“, во кој дефинира неколку виални состојби во руската поезија и поезијата, воопшто.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За да се заштити од надворешни опасности, Француската револуција ќе го воведе Теророт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прашањата кои го воведуваат неодамнешниот развој на посебниот излез главно се поврзани со непосредните околности: • Како се подготвивте за преземање на тој чекор?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашањата од нивото на акција можат да се сосредоточат како на блиското минато така и на поодамнешниот развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во минатото, барем, отсекогаш сум инсистирал дека да се биде геј апсолутно нема никаква нужна врска со ништо друго освен со геј- сексот. ‌По тоа, мислам, дека бев типичен за својата генерација – односно, типичен за геј- мажите што излегоа од плакар на средината од 1970-тите, шест години по Стоунволскиот бунт во 1969 година, во времето на геј- ослободувањето што тие безредија го воведоа и кога во најголемите градови се појавија нови општествени геј- светови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали од епохата која рационализмот го воведе како метода, не нѐ разликува токму тоа, што проектите на тоталитетот веќе изгледаат невозможни?  Кај Хајдегер тоа не е никаква дијагноза.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но тоа е само сличност, бидејќи типично борхесовскиот расказ не цела толку - како во конвенционалната проза - да фати “цртичка од животот”, колку да предложи нешто од аргументум тхеологицум или пхилосопхус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа се раскази, заплети во чијшто след на настани и во меѓусебните односи на ликовите е пренесено нешто налик на животот што ни е познат од секојдневието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу негови кратки раскази го прават токму тоа: ги претставуваат нестварностите (човекот што сонува друг човек и го воведува во стварноста, библитеката со нечитливи книги, една година содржана во минута) во коишто читателот препознава концептуализација на метафизиката и хипостаза на теологијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште од мојот прв расказ, го воведов ликот на Мајсторот на Играта, прижелкуван играч од висок квалитет, кој, нормално, поприми некои од татковите особини.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги поплочи Големата и Дворјанска улица, воведе пиварници и собирање на мед, го воведе во употреба сенфот и ловоровиот лист, ги надомести долговите, покровител на науките, се грижеше за формирање на Академија во Глупов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Двоекуров, Семјон Константинович, статски советник и кавалер.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со таа идеја искрено се согласи и самиот свети Ксавиер, кој претпостави дека овој член на неговата дружина сака да го воведе во Јапонија одгледувањето на западните лековити билки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ќе влезете во најобична заблуда ако помислите дека таа спокојна атмосфера влијаеше врз врагот како смирување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Впрочем, тој се трудеше да си ја засили значајноста со голем број други средства, имено: го воведе правилото пониските чиновници да го пресретнуваат уште на скалите, кога тој доаѓа на работа; никој да не смее директно да влегува кај него, туку сѐ да тече според најстрог ред: колешскиот регистратор би му реферирал на губернискиот секретар, губернискиот секретар – на титуларниот или, пак, како ќе му дојдеше, на некој друг и, веќе на овој начин, работата да стигне до него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја од овие три личности се здобива со одликите на другите две, така што конечната личност е и сликар и поет, и машко и женско; со еден збор, хермафродитски Rebis. превод: Г.Н.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ом GLORIA MOURE Етичкиот или естетичкиот исказ или доказ, дело, општото место на трансформацијата на знаците и значењето, редимејд-от, со сета READY-MADES своја “груба” непосредност, парадоксално го воведува креативниот и комплексен пристап кој се плаши од било каква конвенција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Крајот на историјата” „Крај на историјата” е термин што 1991 г. во општа употреба го воведе Американецот Франсис Фукујама, професор по историја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секако, кога се зборува за постоење или непостоење на нешто, се доаѓа до еден термин што во употреба го воведоа постмодерните теоретичари - а тоа е поимот хиперреалност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше задолжен од таткото на нацијата да го воведе мултипартискиот систем, на начин на кој повторно би доминирала бургибината Дестур партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко само се насмевна на комплиментот и потем го воведе Камилски во царството на своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој запали друга ламба и, со свиениот грб, тргна бавно напред по стрмните и излижани скали и низ малото ходниче го воведе во една соба која не гледаше кон улицата, туку кон еден поплочен двор и шума од оџаци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
П. В.: (читајќи го воведов во САМ) Знаев, знаев...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На некој начин, технологиите го негираат трансцендентниот Бог за да го воведат Богот- машина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За „саморазвивањето“ на „светскиот разум“ Хегел го уведе принципот на „самодвижење“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
- Тлајче игла до мене! - рече Италијанецот Федерико, го грабна Трајчета за рака и го воведе во орото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека поп артистите и нивните први предци (Rauschenberg, Rivers, Johns) го воведоа радикално новиот свет на популарни теми во ликовните уметности, Енди го имаше сето право (со комбинацијата на неговата фотографска доследност во користењето на свиленото сито и пророчката моќ на неговите теми) да го даде завршнот збор во означувањето на крајот на претпоставената доминација на американското апстрактно сликарство и да постави сосема нов склоп на можности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа со таква леснотија го воведува непознатото така што секој има можност да доживее навиките да не му бидат оддувани како прашина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)