го (зам.) - втренчи (гл.)

Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мартин го втренчи кон нив својот студен поглед.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Авторот уште еднаш се обѕрна в лево и в десно и го втренчи погледот во сликата на Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)