го (зам.) - дари (гл.)

Ја истроши сета тешко насобрана енергија за да н смири, за да н утеши и за да ни го дари уште еднаш своето спокојно присуство...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Скриениот може и султанот да му го бара, заплашувајќи со колеж. па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат онега помош што молел...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти си првиот кој ме внесе во алејата на љубовта, ти си првиот кој ми го дари првиот касај на сласта, беше главен актер и сведок на кого по сопствена желба му ја дарував својата чест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Обесувајќи се на силниот врат на Томо му го дари најсочниот бакнеж за тој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше таа да запали и свеќа, па дури и да го замоли севишниот да се смилува и да им го дари тој посакуван дар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше од уличната продавачка да го купи целото цвеќе и клечејќи на колена да ѝ го дари на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пурпурната светлина на плишот што ми го дари, тоа ќе биде нашиот свет неразделен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја претставував поезијата на Махмуд Дарвиш во катедралната црква Света Софија во Охрид, како на заедничка молитва на обединетиот поетски свет, на еден вид свето заедничко присуство, според синтагмата на поетот Рене Шар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш обраќањето во храмот го завршив со зборовите: Народот на оваа земја, на Македонија, во храмот Света Софија, му го дари најсветото што може да му биде подарено на еден поет - неговата тивка светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан на големиот Махмуд Дарвиш во враќањето од егзил во силната прегратка на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека добрата судбина му го дари ова големо пријателство на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)