го (зам.) - доближи (гл.)

Сите Бојсови дела можат да се протолкуваат како обид за враќање и повторно прикажување на почетокот на редот со цел да се избегне длабоката болка која човекот го доближува до смрта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Знаел дека личното всушност е политичко, то ест, дека нечиј став за другите луѓе длабоко обликува, и дури создава, општествено политичка реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чувствуваат дека се загреваат и секој во себе на свој начин го прераскажува и тажновито и болежливо го доживува тоа чудно писмо, зашто низ секој збор гледаат по нешто од својот дом, а најмногу болка ги спржува кога се обидуваат пред очи да го доближат образот на старичката, зашто им се чини дека при секое мигливо затворање на очите -ја гледаат својата мајка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Сѐ зависи од тебе“, беше рекол О'Брајан; но тој знаеше дека не постои никаков свесен чин со кој би го доближил стрелањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Параболата на Флобер за горчливата судбина на двата одбрани лика, односно на човештвото, го доближуваат до параболите на Волтер, Свифт, па подоцна дури и на Кафка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми го поткрена лицето нагоре и своето чело го доближи до моето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Милан повторно прозборе и топлината и природноста на неговиот глас ѝ го доближија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Си го доближи увото до неговите усни. Слабо струјкање заудира сосем малку во ушната школка на Глигора. Спиеше длабоко и болно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Соседите од нивната улица ги затворија во логорот на Бањица, а Јехуда, во потрага по својата Алегра успеа некако да издејствува да го затворат тука, со нас, на Сајмиште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само гладоста и љубопитноста, или едното и другото, можеле да го доближат толку до луѓето и до запрегите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе го закопаме, рекол некој зад Онисифор Проказник. Од зад голи гранчиња на темна грмушка кон него гледал кос.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш ако за едниот крај го фати мама и го доближи до газето на момето, тогаш не сука туку клука!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се обидов да го доближам разговорот до темата која сакав по некаков природен тек да ја наложам: - Летово кога ги читав и преведував песните за вашата Мајка, препознавав многу обележја на мојата Мајка, на една заедничка Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата мисла асоцираше на камиевската филозофија на приклештеноста на човекот меѓу егзилот и кралството, природата и историјата, зборот и чувството, видливото и невидливото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минуваше со часови крај својата гробница, суверено бараше да се менуваат нејзините димензии, борејќи се со напливите на суеверие дека готовата гробница го доближува до смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И луѓе мои, луѓе златни, проклет да бидам, толку нежно го доближи тоа дрво до своите очи, почнаа некако чудно, долго да го гледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За да може да постои како заокружен и завршен свет на човечките егзистенции Чинго ни го доближува со средствата на јазикот, избирајќи во него нивои кои најсугестивно и највпечатливо ќе го остварат тој вид на вистинитоста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа се текстовите Мозаик, Ерик Сати, Одбрана на Сати, Џаспер Џонс, Ритам итн, 26 искази за Дишан, Предговор на “Предавањето за времето”. извор: Миша Савиќ, Џон Кејџ, Сиц, 1981. kejx direkt - partitura 4 Хронолошки наредени (иако Кејџ не би се сложил), следуваат текстови (предавања) кои многу повеќе ќе го доближат Кејџовиот став, мислење и дело до нашата “морална” свест.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Седнав до Соња. Столчето го доближив за да ѝ ја гледам нотната тетратка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Правилно е никаде и со ништо да не се двоите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сепак беше јасно како ден, дека со овие две личности, со овие две судбини со кои го доближи животот ќе ја сподели големата тајна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се будеше, ги мобилизираше сите сили коишто ѝ преостануваа за да ме погледне, да го промени изразот на усните, да го доближи до оној некогашниот, по кој секогаш се препознаваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остана во таа мисти­ка, во потрагата да дојде до нешто конечно, дефинитивно, што ќе го доближи до формулата за спасот на семејството, овде, во родната земја или во егзил, па макар на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)