го (зам.) - довери (гл.)

Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Процесноправниот институтот „конфесионална пресуда“ кај нас е регулиран во чл. 317 од ЗПП (2005), под називот пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
 8 – Четврт механизам, од 2005-та, е спогодбата т.е. „компромисот“ за доверување на настанатиот спор на специјален ‘мировен совет’ составен од три члена, од кои по еден определуваa работодавачот и работникот – доколку стануваше збор за индивидуален спор или, пак, на ‘арбитража’ – доколку стануваше збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овој првичен член подоцна беше модификуван, па сега во него се вели дека, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот можат да се договорат решавањето на спорот да го доверат на „посебен орган утврден со закон“ (чл. 182, ЗРО/05 ПТ). 9 8.  З.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Инаку, нашето позитивно право остава простор, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен орган утврден со закон (чл. 182, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа еден на друг не си го доверија, но веруваа дека Французите, сега кога се толку блиску до своите домови, сепак ќе ги пуштат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бифенцето што ѝ го довери директорот Стево Трајчов беше изделено од главната зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Претседателот на државата мандатот за состав на Влада му го довери на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Владата беше конституирана на 27 август 2006.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Прв ја прочита книгата Едгар Морен, па Робер Мале, некогашниот ректор на Сорбона (кому тогашниот претседател на Рерубликата Шарл де Гол, по познатите настани од 1968 му го доверува на управување најпознатиот француски универзитет, по една негова изјава дека на барањата на студентите не се одговара со сила) и на крајот Амин Малуф, мојот пријател и омилен автор кој веќе се беше здобил со Гонкуровата награда!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имено, стран(к)ите во спорот можат решавањето на колективниот работен спор, спогодбено, да го доверат на арбитража (чл. 235, ЗРО/05); 34 в) за прв пат се воведоа законски критериуми за репрезентативност на синдикатите и на здруженијата работодавачите – а тоа е тие, како свое членство, да имаат најмалку 33% од работниците вработени кај работодавачот (чл. 211-213, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко истата ноќ му го довери планот на заминувањето на семејството, на стариот побратим Гури Порадеци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Братот се сврте. – Ова? – праша. – Да. – Жалам, но тоа не можам никому да му го кажам. – О, сигурно ви забранил отец Ксавиер? – Не. – Па, тогаш би можеле да ми го доверите тоа, бидејќи јас неодамна ги слушав проповедите на отец Ксавиер и станав еден од вашите верници, како што можете да видите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи со законот на нашата земја е забрането да се открива тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воопшто не го почувствува патот и наеднаш се најде во канцеларијата; во портирницата тој го соблече шинелот, погледна наоколу и му го довери на портирот за посебен надзор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Глас: Филип не смеел да им го довери на сите учители: Сметал дека воспитанието на Александар е тешка и макотрпна работа, работа со многу мачнотии.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Сите сакаат овде да бидеме тоа што не сме, а ние да се плашиме да им кажеме на децата кои сме! – Со нашите чеда мораме да бидеме отворени – продолжи Татко – како и секогаш, мора сепак да им го довериме нашето минато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)