го (зам.) - доврши (гл.)

Мајката и ќерката се држат за рака и одат право накај спротивниот ѕид, како нешто да ги тера да си го довршат до крајната точка своето движење однадвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но немаше сила, ниту физичка, ниту духовна, за да го доврши протестот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вистинските мажи не поттрчнуваат. ‌Ироничната преупотреба на мелодрамата кај О’Хара не ги оспорува казнените судови на елитното општество против неугледниот поджанр, туку свесно ги усвојува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, Софокле внимава и одеднаш го запира дејството, токму кога Електра, нешто како Џоан Крафорд, посегнува по секирата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму на тој пресуден крстопат, на сцената одеднаш се појавуваат мажите, ја одменуваат Електра и го довршуваат драмското дејство, обезбедувајќи му целосна сериозност и достоинственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, тука е неговото речовито користење на зборот „поттрчнував“, со кој го опишува сопственото движење по улиците на Њујорк, а кој го довршува автопортретот на мажествена родова дисонантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само Електра се пријавува да ја заземе таа нужна улога и да се спротивстави на востоличувањето на мајка си.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажественоста на О’Хара дополнително ја поткопуваат и неговата запенета реакција околу тривијален настан од животот на женска филмска ѕвезда и неговото заземање став на средношколска возбуденост и похотливост во пресрет на скандалозна глетка, како и заземањето посвечен уважителен однос што им прилега на обожавателките на Лана Тарнер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој впечаток го дополнува отсуството на интерпункција, како и намерната шлакнатост и беспредметност на неговиот спор со пријателот околу точниот опис на времето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Остап артистички се поклони пред домаќинката и ѝ објави толку долг и двосмислен комплимент, што не можеше ниту да го доврши докрај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Сашхен, - рече Александар Јаковлевич, - запознај се со другарот од противпожарната заштита.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа притаено се смешка; уште еднаш ја сочува негибната својата тајна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој е среќен затоа што знае дека веќе ништо не го спречува да го доврши нејзиниот портрет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа е среќна затоа што знае дека тој никогаш нема да го доврши нејзиниот портрет. 106
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Запишана на факултетот за Психологија при УЌМ, не го довршува школувањето поради недостаток на финансиски средства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во едно од истражувањата Frere-Jones создал фонт што ќе се трансформира и самоуништува себе, но фонтот никако не можел да го доврши.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години бев обземен од фактот зошто татковата книга Историјата на Балканот низ падот на империите остана незавршена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека библиотеката на Климент Камилски ќе можеше да му помогне, сепак, да го доврши својот проект.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така го почна Доста ќилимот за Нешка и, навистина, до Велигден го доврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немаше и тој моќ, како Мај­ка, да го доврши семејното стебло.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме гледа, очите дупло ококорени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Толку ги раширила што се прашувам каде сме!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега треба, да го довршам смрдливиот гад!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ама, не, - ја прекинав тетка ми, - јас сум на еколо- Не успеав да го довршам слогот кога тетка ми прво гласно писна, а потоа вресокот се претвори во еден ритмичен низ од звуци, кој на крајот се претвори во "не".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Е, сега да го довршиме пазарот. - Вчера, дедо Крсто, бев кај епитеоритијата и кај владиката. Му кажав све за даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во текот на денот или утре ќе го довршам писмово и ќе се погрижам што поскоро да ти го пратам...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Исто така, повеќе од четири години работеше на портретот на Mona Lisa, не можејќи да го доврши, како што пишува кај Vasari, и што го потврдува фактот дека сликата никогаш не му била испорачана на нарачателот. Duchamp, исто така, 13 години работеше на своето Големо стакло, дваесет години на амбиентот Со оглед дека, долга хронологија во текот на која периодите на интензивна работа се сменуваа со периоди на мрзеливо размислување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)