го (зам.) - дозволи (гл.)

А, по исклучок – и без оглед на вредноста на спорот – ревизијата, меѓу другото, секогаш е дозволена во „спорови од работните односи по повод престанок на работен однос“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ревизијата, по исклучок, е дозволена и против второстепена пресуда против која вообичаено не може да се изјави ревизија – ако апелациониот суд, во изреката на пресудата што ја донел, тоа го дозволил (чл. 372, ст.1-4sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според него, а тоа му го дозволува метафизиката, мислењето не е ништо друго освен една функција на мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така на пример, физиологот гледа само мозок и има работа само со мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа човекот во животот некаде помеѓу она што стварноста му го дозволува да го види па спрема тоа и изрази и она што тој навистина може да го види и да го изрази.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Една недела таа ги пушти да стапат првпат во нивната соба, што стариот не би го дозволил лесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Очите тоа го знаат, очите тоа ми го дозволуваат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, ако правилата не го дозволуваат или бараат тоа, ако задоволството е забрането или презрено, тогаш тоа ќе биде жртвувано за некои вредности поставени повисоко во хиерархијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Требаше, еден ден, кога Татко ќе го дозволеше тоа, да се прочита неговата Историја, да се разберат неговите повици...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можноста за тој вид на намерна провокација е нешто што Raw не би го дозволил, едноставно затоа што... ...неговите читатели се посебни. Да. Баш така. Тоа е веројатно вистина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мораше да живееш во геј-маало, кое и онака веќе не беше многу геј и кое и онака не можеше да си го дозволиш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контактот лице в лице во геј-маалата, кој веќе згаснуваше, сега сѐ повеќе стануваше заменлив.450 Можеше да си најдеш геј-луѓе на интернет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во продавницана нѐ дочека изложба со едно педесет до сто модели на славини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, другите родови кодови се посуптилни и понедофатливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа загуба на јавната сфера ја искупија подемот на интернетот и создавањето на виртуелните заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш имав повод да одам со извесен мој дечко на пазарење во еден дизајнерски салон за санитарија за бањи, во исчекување на реновирањето дома за кое толку мечтаевме, но кое никогаш не успеавме да си го дозволиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Воопшто не мораше ни да живееш меѓу геј-луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во обид да им удоволат на сите, да му удоволат на едно национално читателство составено од имашливи поединци кои можеа да си ги дозволат производите што се рекламираа на нивните страници (со што се покриваа трошоците за плати, печатење и дистрибуција), овие изданија стануваа сѐ понеконтроверзни, сѐ покомерцијални и сѐ полесни, за да се претворат најпосле во геј-еквиваленти на списанијана што ги даваат во авион.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Феминизмот“ беше злоупотребуван од државниот социјализам за да ги обележи расипаните западни жени кои ги мразат мажите и можат себеси да си го дозволат луксузот да бидат во мошне привилегираните кругови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со љубовта не смееме да се поигруваме, затоа што таа тоа не ни го дозволува: таа знае и да се одмаздува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, по иницијатива на Орце, Велешкиот кружок решил да не го дозволи тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Властите не можеле да си го дозволат овде, во Европа, тоа што си го дозволиле во Азија, со Ерменците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Благородниците и свештениците се задолжени за мислење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Притисоците за опстанок не го дозволуваат луксузот на слободата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во феудалните општества индивидуата е слуга или вазал, земјоделец или ситен сопственик, пион, роб. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 57
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не плашете се, оние што ќе видат како си зборувате самиот на себе нема да ве оквалификуваат како „откачен“ затоа што умните мисли што ќе ги слушнат како ваша изјава нема да им го дозволат тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И зошто секогаш пораката што сакаме да ја оставиме на телефонската секретарка е два пати подолга од времето што ни го дозволува апаратот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа ќе кажам: - Убавината е грев кој само боговите можат да си го дозволат, но не и обичните смртници.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Штом го дозволил ова“, продолжи, „господ е злобен и јас му посакувам да му се случи истото!“ – заклучи отсечно девојчето додека стоички ги поднесуваше своите патила, контрастно опколено со очајното лелекање на возрасните.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бидејќи класите, „динамиката на капитализмот”, како што вели Фернан Бродел, не го дозволуваат она „единство” на националната душа во коешто лежи целата среќа на фашистот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе ми биде многу драго да одам на кино со тебе. Но, тоа татко ми нема да ми го дозволи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имено, специјализираниот Британски суд за работни односи, во спорот R. vs. M.K., пресуди дека конкурсите за работно место во коишто е назначено дека се бара минимално работно искуство во години, можат да бидат индиректно дискриминирачки врз основа на возраста (т.н.„старосна дискриминација“) – па, кога приликите тоа го дозволуваат, треба да води сметка да се избегнува ваквото условување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Истовремено мислеше дека Марија тоа никогаш нема да му го дозволи. И со право.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Но ние нема да им го дозволиме тоа! Никогаш!“ веројатно ѝ ветуваше Радуле на својата Стојна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вели: „Беше толку фин со мене капетанот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Последиците не биле сосема јасни а животот одамна го има поучено човекот дека е подобро со ново зло да му се затрупа трагата на поранешното, одошто да се плаќа во готово веќе сторената штета!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама, нели, што да се прави? Гревот бил сторен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури ни мравите не го дозволуваат тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Без да се помрднете се надевате на кратки напади на животна страст и откога че си го дозволите луксузот да потрошите уште едно ведро утро во жалење кога ќе се случат незнаете да ги задржите, немате ни сила, затоа што се плашите пак да не бидете изгорени на истата рана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето се создадени за да креираат љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Тоа не можам да го дозволам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои киберпанкери сонуваат за тоа (барем засега) да направат хаос во тие системи. Можеби токму сега минуваат низ огромниот налет на младешко разочарување? „Никогаш не сум имал илузии”, одбива Св. Витус. „Не сум можел да си го дозволам тој луксуз. Денес доаѓа време во кое растејќи се соочуваш со прашањето: Што ќе правам со својот живот?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)