го (зам.) - докусури (гл.)

И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Бахтијар со четириесет илјади души аскер тргна да брка четири стотини души востаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако го докусури јадењето прилегна до разгорениот шпорет, заборавајќи ја надвор студената мартовска вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И го докусури, непрокопсаник. За мои пари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А пред зградата, таа ми вели со својот буржоаски тон: – Голема магарштина од ваша страна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас ѝ велам: – Граѓанко драга, среќата не е во парите. Извинете на изразот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, кој нема пари, не излегува со дама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Платив. Ѝ се обраќам на дамата: – Изедете го, – велам – граѓанко, платено е. А дамата не мрда. Се срами да го докусури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога, тука се замеша некој мангуп. – Дај – вели – да го докусурам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)