го (зам.) - допушти (гл.)

Навистина, тешко е да се согледа зошто би требало да се мисли дека постоењето на способноста за разбирање на некој израз на начинот опишан во рамките на интенционалистичкото објаснување би требало да го повлекува, или дури само да го допушта, гледиштето дека едно правило не мора да биде обичај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи некој, сосем на место, може истовремено да ги застапува следниве две тврдења: дека смислата, во крајна линија, се пренесува по пат на договор, па според тоа, е функција на, или е конституирана преку употребата, и дека она што го конституира сфаќањето на изразот од страна на говорникот е токму свесноста за образецот на така заснованата употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денес „Долма Бахче“ е без електрично осветление и во овој сарај може да се влезе додека тоа го допушта дневната светлина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пациентот го мрази лекарот затоа што одново ја отвара раната и затоа што тој (пациентот) тоа му го допушта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу коментатори забележаа дека ова е проблематичен поим.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако изјавите на Дерида може да не значат ништо во која И да е апсолутна смисла, сепак, идејата за тоа како тие се интерпретираат да значат совршено има смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А ова го допушта следниов одговор: текстовите на Дерида беа интерпретирани (од него И од другите) како напад врз поимот на присутноста (или како поткопување на поимот, да употребиме друг жаргон).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од многу причини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петар Акиноски, кој беше под патронат на Комитетот и кој, сопрво, учеше во Битолската и Солунската гимназија а потоа и во Софиската офицерска школа, меѓувреме некако успеал, преку сестра си Марија да се заѓиба со Виша Вељаноска, и веднаш по враќањето од Бугарија, то ест на крајот на војната, сакаше да се ожени со неа, но тоа Комитетот не го допушти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бугарија да беше водела „самостојна” и „национална” политика, таа не ќе го допуштеше првото и ќе го решеше македонското прашање со поголеми реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да го допуштиме и спротивното, дека сегашната борба најпосле ќе ја принуди Европа да се замеша во турските работи и да ја принуди Турција да им даде рамноправност на македонските народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да го допуштиме уште и тоа, тој да добие бугарска служба. Но ќе се чувствува ли тој на неговото место? – Не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каравлашко не може да го допушти на неговите граници создавањето на една голема Бугарија, која, може, после ќе ја бара од неа Добруџа!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таквото соединување не ќе го допуштат ни малите балкански, ни големите европски држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По тие политички сообразувања, и да има во Македонија чисто бугарско и само бугарско население, таа не ќе го допушти соединувањето меѓу турски и бугарски Бугари, таа не може да го допушти во своја штета нарушувањето на територијалната целост на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас не можам да го допуштам последново и го сметам навредливо за мене, ете зошто и не се откажувам на прво место да си изработам свој самостоен поглед врз прашањето за мојата народност и врз онаа на моите сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не, јас ова не можам да го допуштам! И тоа е современиот мртовец!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Мило момче, мило мое радосно момче, како ли те сакам!“, восхитено извика Авдотја Игнатјевна, „Камо покрај таков да ме ставеа!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не, јас тоа не можам да го допуштам; не, навистина не!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Е, си помислив, мили мои, јас уште ќе ве посетам“ - и со тој збор ги напуштив гробиштата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, како што милувате: јас не ви се нудев; ако вие ме потрошите во свети цели, ќе ви го допуштам тоа, јас, стариот селски лекар, кому што му ја грабнаа слугинката!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сосема сум прибран и најсилен од сите, а тоа и останувам, и покрај сè тоа ништо не ми користи, бидејќи сега ме фаќаат за глава и за нозе и ме носат в постела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
6. На крајот, денес и во иднина, никако не треба да го допуштиме исклучиво она што може да се анализира и да биде посредувано.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога авторот ја внесуваше завршната верзија во својот зелен блок, просто го копкаше да скршне и да се зараскажува за своите битолски перјани доживувања во собите прекриени со чисти, препрани и преистресени черги, бели чаршави, наштиркани миљеа и завеси во кои толку совршено мирисаше на чисто, нарушено единствено од опојниот мирис на телото на обљубената, но тој тоа не си го допушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Коте, после неколку повторни палења, одвај некако го допушти лулето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мама страшно се налути и тој ден не го допушти тато при себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но мама поучена од минатогодишниот случај, рече дека не сака да се најде во глупа ситуација и повторно не го допушти кај себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)