го (зам.) - загрижи (гл.)

Тоа, моќта Симиќева, воопшто не го уплаши, го загрижи рамнодушноста на делениците: како Имотот да беше само негов, Максимов, а не и нивни, па во еден миг, во часот кога премина мајка му, сосема се обескуражи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рамото му создаваше незгоди, но рече дека тоа не го загрижува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неколку психолози се имаат обидено да ги сфатат човечките когнитивни активности делумно изразени со концепти и метафори позајмени од обидите за вистинска машинска когниција во AI (што навистина го загрижува Rychlack).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа уште повеќе го загрижи. Што ли се случило? Да не е болна?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа што Германија не сака нивната врска да се дознае Еда го загрижува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак, пораката што му наиде во главата го загрижи во поглед на неговото творечко реактивирање...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш немаше речено дека не сака да оди на училиште или дека макар што во врска со тоа го загрижува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не, тоа не го загрижи Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа сето, Хелвиг уште повеќе го загрижи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)