го (зам.) - заинтересира (гл.)

Просто не стануваше од масата на авторот зашто овој, случајно, го заинтересира Трајќета, така се викаше сопственикот, со своите прикаски за необјаснетото во природата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На неколкуте обиди да го заинтересира за својот проблем, својата мака, секогаш ѝ одговараше: - Ќе чекаш на ред, бре другарке.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Место да отстапи за да не ѝ пречи, Ване ѝ се доближи со нечујните патики - го заинтересира кој го окупирал неговото омилено место: мала чистинка со трева до колена среде непробивниот обрач од стари дрвја и густ прнар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога тетка Олга се симна надолу по скалите, веќе беше спремна за да одиме на гости кај уште една моја роднина, тетка Марија, жена на покојниот братучед на мајка ми и на Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега им воведоа курс во училиште и некако повеќе го заинтересира од другите предмети, имаше поголема оценка...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баш го заинтересира, така што сопругата бргу му се изгуби од свеста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Плумпкањето во моторот што го предизвикуваше вртењето на брчалото толку многу го заинтересира и го закопка, што го изврте утате неколку круга, а потоа рачката ја заврти цел полукрут еднаш посилно и побрзо и уште еднаш посилно и побрзо, при што плумпкањето се забрзуваше и тоа го доведе до идeјата рачката од брчалото да ја врти колку што може посилно и побрзо со намера да прави цели кругови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Трајче го заинтересира што ќе стане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Воскресија забележа дека Игора го заинтересира судбината на соседот: - Ќерка ми Марија кажува дека кога ја собира прашината од книгите во неговата библиотека, видела и многу записи и цртежи на јагули, пеперутки, кози, оружје и што не…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја одолжив посетата колку што можев повеќе, а додека водев мошне жив разговор со министерот, на тема која знаев дека секако ќе го заинтересира и возбуди, целото внимание ми беше насочено кон писмото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)