го (зам.) - занесе (гл.)

Едната маска сама да ми а оставите утре да го занеса семето и да го пренеса ралото кај што ќе речите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го занесе мирисот од севозможни парфеми во устоениот воздух.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа малку го занесе та подзаборави на страшните мечки што чекаа во претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа му го занесе срцето, му го маѓепса умот, му стана центар и значење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За да не го занесува погледот во ретровизорот каде што нејзините игриви очи го чекаат, тој ја крена левата рака преку рамено и успеа да и ја положи дланката на малечката врз левиот горешт образ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ко го занесоа, му вика на ќерка му: - Синку, ќерко - рече - скоро зевај царските столици, туриј двете само колку да ве видам оти ти си кралица на Александар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Царот бил радосен но исплашен, дали ќе му се роди наследник или пак ќерка...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Цар Алексанадар киниса. Го зе на којнот, го занесоа персијскиот цар без којн.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ГОВЕДАР КАМЕН
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ко го донесе и му го занесе на татко му на цар Александар за да го купе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас бев најпрвиот богат, најголемиот цар, а дојде времето едно дете да ме падне и да ми го земе царството.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ка му го занесе којнот, којнот бил многу плашлив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко му го послуша.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По време на вечерта детто си дојде со којнот и му вила на татко му: - Татко - рече - фаќај којнот дека овој ќе биде мој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сонцето иде за да зајде, а он оде спроти сонцето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајка му и татко му кога тргна тој, кога вјана којнот си рекоа дека дет(е)то загина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дворјаните околу царот се погрижиле детето што ќе се роди по секоја цена да биде машко, зашто царот ги застрашувал со смрт ако не му се роди наследник.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Хартијата од која градиш брод за внукот можеби е лист од поетска тетратка Или само потсетник, азбучник, а можеби и обичен збир од зборови при обид за песна во која ќе се разјасни случајот со украденото море: “Зошто преку планини го занесоа во непознат крај?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А потоа наеднаш брзите нозе ќе го занесат тој смешен корен на некое најпусто место.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)