го (зам.) - запечати (гл.)

Попосле ова братство го запечатија и јавно, фаќајќи се тројцата свети Јовани во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Заколни ми се, - шепна грозно стариот. Така Гога мораше да го запечати овој таен договор со клетва.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Конечно откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХVI-ХIХ век), го запечати крајот на егзилската балканска одисеја на Татко и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Признавањето на заедничката врска меѓу жените е почетна точка за феминистичката свест и тоа го запечатува пактот меѓу жените.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Слабините го жегнаа кога вратата зад него тропна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се преселија во куќата, почна да спие во одделна соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Детето го запечати нејзиното веќе јасно видливо студенило кон него – таа не го љубеше како маж, а повеќе немаше ни потреба да го има ни како слушател.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие ќе се потпишат, овие ќе го предадат оружјето, а НАТО ќе влезе да го запечати мирот што набргу повторно ќе завладее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А потем оние луѓе ги собраа во ковчеже, го запечатија ковчежето и со голема чест и слава ги принесовме во храмот, во градот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
До кога де?! – нервозно допрашува постариот и го запечатува одговорот во шише.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)