го (зам.) - зарадува (гл.)

Сега тргнала по бел свет за да ја најде мајката на детето и да ѝ го покаже нејзиониот син... да го зарадува мајчиното срце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Дали насон или на јаве од грлото стегнато заизлегува молбен крик: - Богородице, Пресветла Мајчице помогни ми домаќинот мој со чедото да го зарадувам!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова нешто најмногу го зарадува Буза, па го постави за личен заменик.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ова особено го зарадува Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)