го (зам.) - застане (гл.)

Но тој мислеше чело-чело раце-раце гради-гради стомак-стомак бутини-бутини итн., таа раширена врз него во мракот; не шеесетидевет туку пет-четири- три-два, освен кога некоја приказна не го застанува привремено нивното одбројување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На враќање од таму неочекувано го пречекаа двајца корпулентни типови со крапински изглед кои го застанаа и како у вестерн филмовите му извадија пиштол.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
— Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита. — Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не можев да одолеам, па му реков на човекот, пријателот на татко ми, да го застане комбето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи, синот (бидејќи е поинтересна фигура за анализа) ги одбира најкривите патишта во животот, само за да го натера таткото да му обрне внимание, да го застане на правиот пат (а и двајцата мислеа дека на едниот му е поправ од другиот).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стигна до Превалот. Тука го застана патрола.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)