го (зам.) - затече (гл.)

Тука го затече Андон; тој беше тргнал по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На потокот, кога се спушти низ Гола Глава, го затече Денко. Миеше паници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Димка го затеков во тесно одајче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му нареди на свештеникот што го придружуваше да остане долу, а самиот тој со лесен чекор се искачи по скалите и тропна на вратата што му ја отвори самиот Беренц.  „Еминенцијо - му рече, донекаде изненаден, есесовецот на владиката - на што ја должам оваа чест?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дедо Алексо го затекоа сам. Не ги очекуваше посетителите, уште помалку момчето од градот, па отпрвин се збуни, не знаеше што и како да зборува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ќе го затечеше некогаш Бојан деда си како зборува, па ќе го прашаше: - Со кого зборуваш, дедо? - Со дедо ти Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)